Вечерва по полноќ се играат девет натпревари во кошаркарската НБА-лига, а најпривлечен е мечот Денвер – Сан Антонио затоа што ќе има дуел на двете европски мегаѕвезди, Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.
Дерби може да се нарече и пресметката на Хјустон и Бостон, затоа што Рокитс се трети на Западот, а Селтикс се втори на Истокот.
Продолжување на победничките серии бараат Кливленд, Њу Орлеанс и Њујорк. Кавалирс, кој има осум триумфи едноподруго, ако победи и во Далас, ќе стане првиот тим сезонава со 30 победи.
Њу Орлеанс не би требало да киксира дома, им се насмевнува 14-тата победа по ред, а Никс против Оклахома сити оди по 10-тата победа во низа.
Во Sport Life може да се обложите и на број на поени на над 70-мина кошаркари кои ќе настапат вечерва.