Интересна порака на трибините: Новак, не ги сакаме твоите рекет и патики…

Новак Ѓоковиќ вечерва од 19.30 часот игра против Лоренцо Мусети во четвртфиналето на мастерсот во Париз, а денеска српскиот тенисер е во фокусот на јавноста поради барањето кое му го упатија фановите во вчерашната победа над Карен Качанов.

Ѓоковиќ откако за 87 минути го реши рускиот тенисер во два сета со 6:4,6:1, стандардно одвои време за да даде автограми на навивачите кои имаа необично барање за него.

„Новак, не го сакаме твојот рекет, не ги сакаме твоите патики. Само сакаме со тебе да испиеме една чашка вино (и селфи)“, беше барањето на една група фанови на Новак.

- Оглас -

Најнови вести