Интересна порака пред почетокот на СП: Македонија е најопасна во 90+5 минута (Фото)
Ракометарите се одлично расположени пред утрешниот прв меч во Египет.

Македонската ракометна репрезентација полна со позитивна енергија отпатуваа во Египет на Светското првенство. Шведска утревечер е првиот наш противник, а нашите ракометари пред тргнување кон Египет, од авион упатија интересна порака.
Според фотографијата, пораката е дека Македонија во 90+5 минута успеа да се пласира на Мундијалот и сега јуришаме на нови победи и радости на планетарниот собир.