Интересна судбина на Гризи и „гризачот“ од 2018 наваму: ривали, соиграчи, ривали, соиграчи.. (Видео)

Враќањето на Антоан Гриезман во Атлетико Мадрид беше топ вест во последните минути од преодниот рок во Европа, тој ќе го засили својот некогашен тим, и ќе биде поддршка за Луис Суарес во шпицот на Јорганџиите.

Французинот замина во Барса во 2019 година за 120 милиони евра и ги налути фановите и раководството на Атлетико, но веднаш се виде дека Каталонија не му легна, и улогите се сменија, сега во Барселона не го сакаат, а во Мадрид му простија.

Интересно е што од сезоната 2018/2019 наваму, Гриезман и Суарес како постојано се во некакви турбуленции и преселби, па патиштата им се вкрстуваат и разминуваат. Ако продолжат во „цик-цак“, тогаш во 2022/2023, веројатно повторно Гриезман и Суарес нема да бидат тимски колеги. Дотогаш, ќе уживаат во играњето заедно и борбата за одбрана на титулата во шпанската лига.

Сајтот „Бличер репорт“ направи интересна монтажа какви дресови носеа двајцата напаѓачи во последните три сезони и за претстојната:

https://twitter.com/i/status/1432849616039522306

- Оглас -

Најнови вести