Интересна Тринаесетка – Спортска прогноза со големото дерби на „Де Кајп“ и уште 12 пара од Топ-5 лигите во Европа

Многу интересно коло, 18-то по ред, на Спортска прогноза за типување почнува од денеска, па сè до сабота до 15.30 часот и единствениот пар што не е од Топ-5 лигите во Европа е и најголемото дерби на популарната Тринаесетка.

На култниот „Де Кајп“ во Ротердам во недела од 14.30 часот ќе се игра најголемото холандско дерби меѓу Феенорд и Ајакс. Фудбалска пресметка што секогаш е интересна, возбудлива и со огромен ривалитет, па ќе биде предизвик за учесниците во 18-тото коло на Спортска прогноза да се погоди исходот во трката за прекрасниот мобилен телефон „ајфон12“.

Колото е веќе достапно за прогнозирање од 14 часот денеска, па се до сабота до 15.30 часот кога ќе почне натпреварот од Бундеслигата меѓу Бохум и Унион Берлин.

Фокусот е во Ротердам, а 18. рунда ќе заврши со уште една голема фудбалска пресметка, таа на „Сан Сиро“ меѓу Милан и Наполи во недела од 20.45 часот.

Има уште неколку интересни двојки, како дуелот меѓу Севилја и Атлетико Мадрид, Фрајбург – Баер Леверкузен, Евертон – Лестер…., а и наградите се привлечни.

Во минатото коло, но и во неколку рунди претходно, само еден погодок плус ќе го донесеше и првиот добитник на „ајфон12“, но за жал прогнозерите останаа на 12 погодоци во неколку случаи.

И погодена 12-ка носи одлична награда, ваучер од 1.000 денари, а се наградуваат и две утки, односно погодени 11 натпревари со ваучер од 500 денари што може да се искористи во Sport Life.

Играта е бесплатна и се што ви треба е да имате СЛ картичка, што експресно и бесплатно може да се добие на сите уплатни места на Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести