Британскиот медиум „Скај спортс“ со помош на ЦИЕС фудбалскиот опсерваториум направи калкулации околу тоа како ќе изгледа табелата во Премиер лигата по крајот на сезоната.
Во пресметките се опфатени постигнати и примени погодоци, како и просечно освоени бодови по натпревар, според досега одиграни 24 натпревари во англиското првенство.
Имено, Манчестер сити ќе биде шампион со 87 бода, додека на второто место се наоѓа градскиот ривал Јунајтед со 73 бода. Лестер би завршил на третото место со идентичен број бодови како и Црвените ѓаволи, но послаба гол-разлика.
Во топ 4 е и Челзи со 67 бода, а поради полошата гол-разлика, Вест хем би завршил на високото петто место. Интересно е што пресметките тврдат дека актуелниот првак Ливерпул би завршил како шестопласиран со 63 бода, односно нема да обезбеди пласман во Лигата на шампионите.
Пред Тотенхем, на осмото и деветтото место се Астон вила и Евертон, додека Арсенал би завршил на 10-тото место со 54 бода, а зад нив е Лидс на Езѓан Алиоски со еден бод помалку. Се предвидува испаѓање на Фулам, ВБА и Шефилд јунајтед, екипите кои моментално се во црвената зона на половина до крајот на сезоната.