16.8 C
Skopje
петок, 31 октомври 2025

Интересни комбинации и примамлив вкупен коефициент нудат денешните Квоти на денот

Пет интересни натпревари се дел од денешната понуда во Квотите на денот, а ако сите пет понудени комбинации ги одиграте заедно на еден тикет, вкупниот коефициент кој ќе го добиете е 37.34.

Елверсберг е домаќин на Хановер во втора германска лига и тука опцијата е двата тима да дадат барем по еден гол, но и да има барем по еден погодок во двете полувремиња. Оваа комбинација се вреднува со квота точно два.

Во ФА купот на Англија, Лутон го пречекува Форест Грин и тука се очекува победа на домаќинот во натпревар на којшто треба да бидат постигнати од два до четири погодоци за да биде добитен коефициентот од 2.30.

Борусија Дортмунд да не загуби на гости кај Аугсбург во меч на кој во првото полувреме нема да има повеќе од еден погодок е комбинација која се вреднува со 2.05.

Хетафе и Жирона се две екипи кои негуваат дефанзивен фудбал, па не изненадува опцијата да има повеќе од два гола во првото полувреме, а во вториот дел да има меѓу еден и два погодоци. Оваа комбинација е со квота од 1.80.

Голови треба да има на мечот Спортинг Лисабон – Алверка, и тоа од еден до два погодоци во првото полувреме, а да биде 3+ на крајот од средбата за да биде добитна комбинацијата од 2.20.

- Оглас -

Најнови вести