Во денешните Квоти на денот има интересни пет комбинации, кои ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе ви донесат вкупен коефициент 52.32.
Првиот предлот на Sport Life е дуелот од грчкиот шампионат меѓу Панаитоликос и ОФИ кој има најмала квота 2.10. За тоа е потребно да одиграте дека Панаитоликос нема да загуби и дека ќе бидат постигнати помеѓу два и четири гола.
Во Серија А играат двете последнопласирани екипи Верона и Кремонезе и предлогот и да се одигра на голови. За игратата да има помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме, квотата изнесува 2.15.
Вториот натпревар од Серија А со кој ќе биде затворено колото е тој помеѓу Болоња и Аталанта. Тука благ фаворит е гостинот, па за Аталанта да постигне два гола, квотата изнесува 2.20.
Арсенал е апсолутен фаворит против Оксфорд во ФА Купот и квота од 2.15 се добива доколку одиграте дека Топчиите ќе постигнат барем еден гол во првото и најмалку три гола на целиот натпревар.
Во Шпанија, колото го затвораат Атлетик Билбао и тука предлогот е да одиграте на баскијците. Квота од 2.45 се добива ако одиграте на триумф на Атлетик и доколку биде постигнат барем еден гол во првото полувреме.