1306 – Виљареал – Барселона (17:30)
Најинтересниот дуел од Ла Лига денес е дуелот помеѓу Виљареал и Барселона. “Каталонците“ влегуваат како фаворити на натпреварот, а оваа сезона одиграа нерешено 0-0 и еднаш победија со 2-0. Реакциите на германскиот репрезентативец Гундоган, дека против Барселона се игра “валкано“ и со задржување на времето, значи дека и денес нема да имаме можност да гледаме многу голови на натпреварот на кој игра актуелниот шампион на Шпанија.
Предлог тип: Х2 & 0-2 (2.70)
3009 – Наполи – Сасуоло (20:45)
Актуелниот шампион на Италија, екипата на Наполи е апсолутен фаворит на натпреварот против Сасуоло. Македонскиот репрезентативец Елмас и неговите колеги се очекува денес да бидат ефикасни и да немаат никакви проблеми да ја забележат втората победа во новата сезона.
Предлог тип: 1 & Т1 3+ (2.17)
1809 – Баерн Минхен – Аугсбург (17:30)
Баерн Минхен со Кејн во нападот игра одлично и ефикасно на стартот од новата сезона во Бундес лигата. Така се очекува да биде и денес и да забележи уште една ефектна победа, изразена со многу голови. Очекувањата се дека и Аугсбург ќе постигне барем еден погодок.
Предлог тип: ГГ и 4+ (2.35)
1542 – Спортинг Л. – Фамаликао (21:30)
Спортинг Лисабон е апсолутен фаворит во натпреварот против Фамаликао од португалското првенство. Дуелите на фаворизираните екипи од португалскиот шампионат против условно кажано послаби противници често знаат да завршат со погодок во мрежата на фаворитот, па така се очекува да биде и денес, Спортинг да победи, но и да прими погодок.
Предлог тип: 1 & ГГ (2.85)
3642 – Динамо Загреб – Ријека (21:05)
Големо внимание денес предизвикува и дуелот помеѓу Динамо Загреб и Ријека, пред поради тоа што “модрите“ им го “украдоа“ тренерот на Ријека на само три дена пред нивниот меѓусебен натпревар. Јакировиќ на клупата на Динамо во хрватското првенство ќе дебитира против својот поранешен клуб, каде ги знае сите добри, но и лоши страни. Очекувањата се дека Динамо ќе победи, но натпреварот нема да биде ефикасен.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)