Интересни податоци: Португалија со и без Кристијано Роналдо не е истата репрезентација (Фото)

Кристијано Роналдо во својата кариера урна многу рекорди, некои тешко дека некогаш ќе бидат достигнати, а денес дојде до уште еден. Со настапот против Чешка тој стана првиот и единствен фудбалер кој забележал настап на шест различни европски првенства. Сепак, португалецот вечерва не успеа уште еднаш да се запише во историјата и да стане и првиот фудбалер кој постигнал барем по еден гол на шест шампионати, но за тоа ќе има шанса во продолжение од Европското првенство.

Но, која беше Португалија пред да се појави Кристијано Роналдо? Од 1930-тата до 2003-тата, португалиците учествуваа на само три Светски првенства од 17-те одржани. На Европските првенства имаа исто три учества од 1960-тата до 2003-тата или на вкупно 11 континентални собири. Сепак, со доаѓањето на Кристијано Роналдо во репрезентацијата се одржаа шест европски и пет светски првенства, а Португалија учествуваше на сите, а во 2016-тата ја освои и европската титула.

https://twitter.com/TeamCRonaldo/status/1712764569289159127

- Оглас -

Најнови вести