Интересни услови поставил Чави за кам-бек во Барса, едниот е поврзан со медицината

Чави Ернандес со солзи во очите се прости од катарскиот клуб Ал Сад, а пред да замине и да ја прифати понудата на Барселона да биде тренер во клубот каде се прослави поставил три услови.

Првиот е поврзан со медицината и Чави барал да се комплетна реконструкција на клупските медицински услуги во Барселона и барал враќање на Рикардо Пруно, човек што 25 години беше еден од главните во лекарскиот тим на Каталонците.

Тоа е веќе договорено, како што веќе се знае дека Чави потпишал договор со Барселона до 2024 година, а и вториот услов не беше тежок за раководството на шпанскиот гигант.

Чави побарал комплетниот стручен штаб од Ал Сад да дојде со него во Барселона, па дури седуминаа негови помошници од различни области во фудбалот што работеа под негова команда во катарскиот клуб се селат на „Камп Ноу“.

Последниот узлов се да има топ-засилувања и тоа најмногу на крилните позиции. Чави се надева дека Дембеле ќе се врати на терен во полн сјај, а Барселона и пред тој да дојде се обидуваше да го купи Рахим Стерлинг од Манчестер сити.

Засега тој е прескап за Каталонците, бидејќи клубот од Манчестер неофицијално побарал отштета од 80 милиони евра, но можеби сега со доаѓањто на Чави во Барса и самиот Стерлинг ќе се обиде да издејствува пониска цена, за да игра кај еден од најдобрите фудбалери во последните 20-на години.

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести