Празнично 32. коло на Спортска прогноза ќе почне порано денеска во 13.30 часот со два дерби натпревари во Англија и во Втората германска лига.
Арсенал и Манчестер јунајтед ќе бијат директна битка за продолжување на надежите за настап во Лигата на шампионите, а Шалке 04 и Вердер за победа што води директно во Бундеслигата.
Финишот на денешните 7 натпревари на популарната Тринаестка се за мерак со два меча што можат да донесат и два трофеи.
Баерн и е домаќин на Борусија Дортмунд од 18.30 часот во нов Дер Класикер на германскиот фудбал и ако победи ќе ја освои 35-та шампионска круна.
Пехар сигурно ќе се доделува во Севилја на „Картуха“ каде од 22 часот Бетис и Валенсија ќе играат во финалето на Копа Дел Реј.
Утре во фокусот ќе биде последниот меч во ова коло на Спортска прогноза меѓу Лацио и Милан,па можеби и тој дуел да се чека за 13 погодоци што носат прекрасна награда „ајфон12“.
Има уште многу награди, ваучери од по 1.000 и 500 денари во секое коло за погодени 12, односно 11 натпревари, а играта што ја организираат Спорт Манија и Sport Life е бесплатна и лесно достапна за сите.