Интересно им е по дома: Новата премиерка на Италија навива за Рома, а нејзиниот сопруг за Јувентус

Фудбалската репрезентација на Италија вечерва во Будимпешта игра важен меч против Унгарија од Лигата на нациите. Во игра е првото место во групата и пласман на финалниот турнир, а Аѕурите ќе имаат поддршка од жената која ќе биде нов премиер на Италија, Џорџа Мелони.

Мелони сака спорт, особено рагби, но љубител е и на фудбалот. Таа како дете навивала за Лацио, под влијание на нејзината мајка, која е фан на римските Орли, но подоцна Џорџа направила „предавство“ и почнала да навива за Волчицата.

Нејзиниот сопруг Андреа навива за Јувентус.

Мелони сака да гледа Олимписки игри и Светско првенство во фудбал, а за нејзина жал, Италија нема да игра на Мундијалот во Катар благодарение на Македонија.

- Оглас -

Најнови вести