Македонците најмногу од сите клубови на интернет-пребарувачот Гугл го бараат НБА-тимот Далас маверикс, секако, заради нивната најголема кошаркарска ѕвезда Лука Дончиќ.
Кошаркарскиот портал „Хупсхајп“ направи интересно истражување за сите земји во сите европски земји, што покажа дека на Македонците број 1 им е словенечкото кошаркарско чудо Лука Дончиќ, пред Никола Јокиќ и неговиот тим Денвер нагетс.
Во земјите од поранешна Југославија има интересна поделба, пола-пола, односно Македонија, Словенија и Хрватска најмногу бараат информации со помош на Гугл за Дончиќ, а Србите, Црногорците и Босанците за Никола Јокиќ.
https://twitter.com/AravantinosDA/status/1585360638158999553?s=20&t=Yh3_bc2UUQX68q4d3eaAAA