Ракометната репрезентација на Македонија и во третиот, последен натпревар од првата групна фаза на Светското првенство што се игра во Полска и Шведска има идентичен резултат по првото полувреме.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров и вечерва во дуелот кој одлучува за третото место кое носи во главната фаза, има негатива од седум гола и против Аргентина, 11:18.
Интересно е што и на претходните два натпревари, против Норвешка во првото коло и против Холандија во второто, резултатот по првиот дел беше 11:18.
Црвено-жолтите од Норвешка на крајот загубија со 39:27, од Холандија беа поразени со десет гола разлика (34:24), а според прикажаната игра по првиот дел против Аргентина, каде што немаше идеја во нападот, а одбраната не претставуваше никаков проблем за Гаучосите, поразот е реална опција.