25.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

Интересно поклопување: Наполи може да биде мирен, и во времето на Марадона било вака!

Наполи го претрпе првиот пораз сезонава во Серија А, но уште е лидер на табелата и главен кандидат за титулата во Италија.

Клубот чиј дрес го носи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас има пет бода позитива во однос на вториот Милан, седум бода му бега на Јувентус, а осум на Интер. Тука некаде се затвора кругот на кандидати за Скудетото.

За разлика од другите три кандидати, Наполи одамна не бил првак, минаа повеќе од 30 години, но има една коинциденција која треба да ги смири Наполитанците и им оди во прилог.

Наполи првата титула ја освои во 1987 година (една година по Светско првенство, а и сега може да се повтори тоа), и интересно, тимот го загуби првиот меч по Божик во таа сезона. На 4 јануари 1987 загубија од Фиорентина со 1-3, но на крајот Диего Марадона и другарите беа шампиони и ја освоија историската титула.

И во сезоната 1988/1989 се случи истото. По божикната пауза, Наполи претрпе пораз на својот прв меч (0-3 против Лацио), но стана шампион на Италија.

- Оглас -

Најнови вести