Новото 26-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи неколку натпревари од петте најсилни европски лиги, и прогнозерите веќе имаат свои фаворити за 13-те меча, а интересно е што им веруваат на домаќините во премиерлигашките пресметки.
Во новото коло, има четири натпревари од Премиер лигата и засега прогнозерите веруваат дека домаќините ќе ги освојат бодовите.
Најголема доверба, прогнозерите имаат во Евертон за кого 78,34 отсто сметаат дека ќе слави против Фулам.
Висока е довербата и во Челзи кој на „Стемфорд бриџ“ го пречекува Брајтон. Дури 73,22 отсто сметаат дека Сините ќе слават, додека на Брајтон му даваат само 9,79 отсто.
Вулверхемптон има 64,47 отсто доверба кај прогнозерите во бесплатната игра во организација на Sport Life и Спорт Манија, а најнеизвесно е на дуалот меѓу Саутемптон и Кристал Палас. За овој меч, досегашните типувања покажуваат дека 39,26 отсто ќе слави домаќинот, додека 29,28 отсто од прогнозерите му даваат шанса на Кристал Палас да ги освои бодовите.
Според досегашните прогнози, победи се очекуваат и од Милан кој и гостува на Болоња (75,56 отсто), на Келн над Мајнц (69,41 отсто), на Рен над Ремс (81 отсто) и на Ница над Брест (65 отсто).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 15.00 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
Играта е бесплатна во организација на Спорт Манија и Sport Life и нуди убави подароци за најдобрите прогнозери.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
X Box Series X
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.