Интересно, во првото полувреме ниту една екипа нема предност на четирите меча во Лигата на Европа

По првото полувреме на вечерните натпревари во Лигата на Европа, ниту една екипа нема предност.

Во вечерниот термин се играат четири натпревари и само на дуелот Манчестер јунајтед – Бетис се постигнати голови во првиот дел.

Црвените ѓаволи поведоа уште во шестата минута со голот на Маркус Рашфорд, додека Бетис преку Перез успеа да израмни во 32-та минута. На останатите мечеви, Јувентус – Франбург, Севилја – Фенербахче и Шахтјор – Феенорд, немаше голови по првиот дел.

Далеку порасположени за голови се екипите во Лигата на конференции.
Базел има предност од 2:1 по првиот дел против Слован Братислава, Лех води со 1:0 против Дјургарден, додека Гент – Башакшехир одиграа 1:1. Без голови во првите 45 минути беше само на дуелот меѓу Фиорентина и Сиваспор.

- Оглас -

Најнови вести