Новото 20-то коло на Спортска прогноза кое е во тек носи натпревари од петте најсилни европски лиги и прогнозерите веќе имаат свои фаворити за 13-те меча, а интересно е што засега најголема доверба има претпоследнопласираниот тим на табелата во Ла Лига, Гранада.
Гранада в недела ја пречекува Алмерија, која е последна на табелата и е единствен тим во Ла Лига без победа. Дури 78,30 отсто од прогнозерите сметаат дека Гранада ќе слави во дуелот на најслабите екипи, а само 4,54 отсто веруваат во Алмерија.
Прогнозерите веќе имаат фаворити и на поголем дел од останатите натпревари, 76,73 отсто се убедени во победа на Удинезе над Каљари, 76,33 отсто во триумф на Фиорентина над Емполи, а големи се процентите и на победи на Хофенхајм над Унион Берлин (65,48 отсто), на Мајнц над Аугсбург (74,16 отсто), на Астон вила над Фулам (64,69 отсто), на Лацио над Болоња (74,75 отсто), на Ланс над Ремс (61,34 отсто) и на Олимпик Марсеј над Брест (69,82 отсто).
Со свои прогнози може да се приклучите до сабота, до 14 часот, кога почнува првиот меч од основната понуда, па процентите може и да се сменат.
За погодена Тринаесетка ви следува одлична премија, а најдоброто е што сами си одбирате меѓу три понудени варијанти:
Смарт ТВ самсунг 55” 4K
Xiaomi електричен тротинет
Сони плејстејшн 5
Во играта што е многу едноставна и е без трошоци за учесниците се наградуваат и утките. За една утка, Sport Life ќе ви додели ваучер од 1.000 денари, а со погодени 11 меча ви следува ваучер од 500 денари.