Интеристите го ставија борбениот шеф во средина и убаво го вртеа (Видео)

Антонио Конте реши со фудбалерите на Интер да биде во улога на потчинет, а не како шеф, па дозволи тој да се најде во средина, а фудбалерите во круг да играат „шева“ околу него. Конте се обидуваше да ја освои топката, трчаше како разјарен бик, но не беше лесно, па почна и со лизгачки стартови да пробува да ја прекине серијата додавања од прв допир.

Сето ова беше забавно, атмосферата кај Нераѕурите е позитивна пред дуелот со Баер, а за тоа придонесе и шефот на стручниот штаб, кој покажа како треба да се борат за топката. Конте не заборави да ги потсети своите играчи дека Баер е многу опасен од контрите и не смее да им се остави простор.

Погледнете инсерти од тренингот на Интер и играта во која учествуваше Конте:

https://twitter.com/i/status/1292541154852970497

- Оглас -

Најнови вести