Болоња на пенали го елиминираше Интер и се најде во финалето на италијанскиот Суперкуп, каде ќе се сретне со Наполи кој синоќа беше подобар од Милан. Ова е на некој начин и најправедно финале, бидејќи ќе играат првакот и освојувачот на Купот.
Во регуларните 90 минути, средбата заврши 1-1, Тирам го донесе Интер во водство веќе во втора минута, а изедначи Орсолини од белата точка.
Во пенал рулетот, Бастони, Барела и Бони промашија за Интер, а Болоња имаше две утки, но и тоа беше доволно за финале.

