Флуминесе – Интернасионал (00:00 ч.)
Ова е дерби во бразилското првенство. Двете екипи се во добра форма, а домаќините се навикнаа атрактивен фудбал со многу погодоци. На осум од последните 10 меча на Флуминесе било 3+, а седум пати двете екипи се случувало да дадат гол.
Интернасионал во последните пет меча има четири победи и едно реми. Кога игра против овој ривал, Интернасионал има одличен биланс и е без пораз во последните 13 меѓусебни средби. Интернасионал се радувал осум пати, а пет меча завршиле без победник. Флуминесе последен пат се радувал во септември 2012 година.
Предлог тип: Х2&2-5 (2.90)
Велез Сарсфилд – Расинг Клуб (01:00 ч.)
Од 12 меча во првото коло на аргентинското првенство, дури 10 завршија од 0-2 гола. Велез Сарсфилд прими еден гол и загуби, а Расинг одигра без погодоци. Неверојатен е фактот дека Расинг доминира во меѓусебните дуели, бидејќи се има радувано на сите последните седум средби против Велез, а има примено само два гола во овие средби.
Токму таа очајна низа е дополнителен мотив на Велез Сарсфилд овојпат да не загуби. Би играле една интересна комбинација, а тоа е домаќинот во првото полувреме да води или да е нерешено, а во вториот дел, односно на крајот на мечот да биде или нерешено или Расинг повторно дасе радува.
Предлог тип: 1Х-Х2 (2.15)
Универзитатеа де Чиле – Аудакс Италијано (02:00 ч.)
Домаќините се како претплатени за нерешени резултати, па на свој терен во 7 дуели имаат пет реми. За разлика од нив, гостите на туѓ терен во седум натпревари ниеднаш не ремизирале, но имаат четири победи и токму поради тоа се во горниот дел од табелата.
Историјата од меѓусебните дуели најавува дека ќе има голеада. На 12 од последните 13 средби, имало барем по три гола. Двете екипи се во добра форма и може да се очекува ново гол-шоу.
Предлог тип: 1-2 I& 1-2 II (2.40)
Депортиво Кали – Еквидад Сегурос (00:00 ч.)
Уште по првите три кола, Депортиво Кали покажува дека е еден од главните фаворити за титулата во Колумбија. Еквидад е тим кој може да се пофали дека три пати се радувал во последните пет меча против Депортиво Кали. Сепак, овојпат домаќините не треба да дозволат изненадување, иако и традицијата најавува дека може да има возбудувања.
Предлог тип: 1&3+ (3.40)