Интернет сензацијата Хасбула „го претепа“ Волкановски, и му го зеде шампионскиот појас (Видео)

За време на УФЦ 280 настанот во Абу Даби, во просторот зад сцената, се случи една „тепачка“ во која подебелиот крај го извлече Александар Волкановски, Австралиецот со македонско потекло кој е ултимејт фајт првак во перолесна категорија.

Волкановски уште кога го виде противникот, „се исплаши“, во минатото доби сендвич в лице од него, и беше јасно дека нема шанса во „борбата“ против дагестанската интернет ѕвезда Хасбула Магомедов.

Хасбула има 19 години, а изгледа како да е многу помлад, и висок е само 99 сантиметри и тежок околу 16 килограми. Тој од раѓање има болест на хормонот за раст, а и гласот му е како на дете. Откако го „тушираше“ Волкановски, Хасбула му го зеде шампионскиот појас на Александар Велики, а видеото стана хит.

- Оглас -

Најнови вести