Интерно обложување во Манчестер: Санчес „лапна“ 20.000 фунти од отказот на Мурињо

Ако Пол Погба најмногу славеше за отказот на Жозе Мурињо, верувајќи дека повеќе нема да има проблем со тренерите и притисок за тоа како игра на теренот, за Алексис Санчес заминувањето на Португалецот има финансиско значење. Санчес заработи 20.000 фунти откако се обложил со соиграчот Маркус Рохо на тоа дека Мурињо ќе добие отказ пред крајот на сезоната.

Санчес, кој минатата сезона дојде од Арсенал, е далеку од посакуваната форма на теренот и почесто е на клупата за резерви. Сепак, кога се работи за обложувањето, очигледно е дека има добар осет, па со заминувањето на Мурињо, Чилеанецот ќе биде побогат за 20.000 фунти, и тоа на сметка на соиграчот Рохо.

„Ти реков! Само треба да се има трпение. Рохо ми должиш 20.000 фунти“, напишал Санчес во групниот разговор кој го имаат фудбалерите на Манчестер јунајтед на една од социјалните мрежи за комуникација.

 

- Оглас -

Најнови вести