Артуро Видал ќе го напушти Интер по крајот на оваа сезона. Договорот на чилеанскиот играч со актуелниот првак на Италија истекува на крајот од сезоната, а тој нема да биде продолжен.
На местото на Видал ќе дојде Миралем Пјаниќ, кој исто така своевремено играше во дресот на Јувентус. Репрезентативецот на БиХ во моментов е под договор со Барселона, но е на позајмица во турскиот Бешикташ.
Интер покрај тоа што се поврзува со трансфер на Пјаниќ, за претстојната сезона ќе се обиде да го ангажира и Паоло Дибала, кој ќе остане слободен агент по завршувањето на договорот со Јувентус.