Инцидент на Јадранското дерби – Навивач на Риека нападна играч на Хајдук

Голем инцидент се случи на второто дерби од 16. коло во Хрватска, а навивач на Риека нападна играч на Хајдук во мешаницата во финишот на првото полувреме.

Марко Ливаја постигна гол за Хајдук за 0:1 во Јадранското дерби со Риека и потоа славеше пред домашните навивачи со мала провокација, што не му легна добро на еден од симпатизерите на Риека.

Од трибините влета на терен и го нападна десниот бек на Хајдук, Стефан Симиќ, а потоа беше скротен од полицијата.

На дербито за Риека игра Дарко Велковски, а на спротивната страна во второто полувреме за Хајдук во игра влезе Јани Атанасов, и двајцата репрезентативци на Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести