Инцидент на мерењето на Фјури и Усик, реагираше обезбедувањето (Видео)

Утревечер во саудиската престолнина Ријад ќе се одржи мега-борба за титулата апсолутен светски шампион во бокс во тешка категорија, силите во рингот ќе си ги одмерат Украинецот Александар Усик и Британецот Тајсон Фјури.

Усик ги има титулите ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО верзиите, додека Фјури го има ВБЦ појасот.

На денешното мерење се утврди дека Фјури е потежок за 13 килограми, а имаше и инцидент, Фјури со глава го турна Усик при последниот дуел со погледи, но обезбедувањето брзо реагираше и немаше тепачка.

Погледнете ТУКА што се случи.

- Оглас -

Најнови вести