20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Инцидент на тренингот на Реал: Алонсо го испрати Ридигер дома по судир со Винисиус

Новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, воведува свои методи за да се наметне како авторитет во соблекувалната. Шпанските медиуми пренесуваат за еден инцидент на тренинг, во кој дојде до судир меѓу Антонио Ридигер и Винисиус јуниор.

Сè започнало по остар старт на германскиот дефанзивец врз бразилскиот напаѓач, по што следувале тешки зборови и туркање. Алонсо реагирал веднаш – го испратил Ридигер дома со кратко „Довидување“ за да ја смири тензијата и да го продолжи тренингот во нормален ритам.


Ридигер подоцна им се извинил на соиграчите, особено на Винисиус.

Дополнително масло на огнот долеваат информациите дека Реал Мадрид не планира продолжување на договорот на Ридигер, кој истекува на 30 јуни 2026 година. Германецот сè почесто седи на клупа бидејќи во плановите на клубот предност имаат младиот Дин Хујсен и Едер Милитао, кој целосно закрепна од тешката повреда.

Се шпекулира за можен трансфер на Рудигер од понуди од Саудиска Арабија, па сè до европски клубови.

Пред да премине во Реал во 2022 година, Рудигер настапуваше за Штутгарт, Рома и Челзи, со коишто освои ФА куп, Лига на Европа, Лига на шампиони, УЕФА Суперкуп и Светско клупско првенство.

Со Кралскиот клуб тој ја продолжи серијата на трофеи – додаде уште една Лига на шампиони, Ла Лига, два УЕФА Суперкупа, Кралски куп и шпански Суперкуп. Досега за Реал има одиграно 157 натпревари, има постигнато седум гола и четири асистенции.

- Оглас -

Најнови вести