Веднаш по завршувањето на средбата на „Олд Трафорд“, која заврши триумфално за неговиот Атлетико Мадрид, тренерот Диего Симеоне, почна да трча кон соблекувалната, а домашните фанови тоа го сфатија како провокација, па почнаа да фрлаат разни предмети кон популарниот Чоло.
Пред да влезе во тунелот, кон Симеоне летаа разни предмети и пластични чаши со пиво.