Инцидент пред хотелот каде што е Новак, се појави транспарент: Мигрантите добредојдени, Ѓоковиќ не е (Фото)

Срби кои живеат во Австралија му даваат поддршка на Новак Ѓоковиќ кој е ставен во карантин во еден хотел за мигранти, а утрово имаше инцидент, откако таму дојде една група што носеше навредливи транспаренти за најдобриот тенисер на светот.

„Ослободете ги мигрантите, Ѓоковиќ нека се е.е“, „Бегалците се добредојдени, Ѓоковиќ не е“, „Ќе ги заборавите ли нашите пријатели кога Новак ќе си оди со приватен авион?“, беа дел од пораките кои ги носеше групата со борци за правата на мигрантите.

Фановите на Ѓоковиќ беа испровоцирани и тргнаа физички да се пресметаат, па полицијата мораше да спречи тепачка и поголем инцидент.

- Оглас -

Најнови вести