Репрезентацијата на Хрватска забележа тешка, но значајна победа од 0-1 на гостувањето кај Ерменија и останува лидер на табелата во својата група во квалификациите за пласман на Европското првенство.
За време на мечот се случил сериозен инцидент кога дошло до физичка пресметка помеѓу домашните и гостинските навивачи, а според ерменските медиуми, еден навивач е пренесен во болница без да се откријат детали за националноста на навивачот.
На трибините во Ереван имаше околу 200 хрватски навивачи и покрај забраната за гостински навиваи, кои купиле аранжмани пред да се донесе забраната на УЕФА.