Инцидент за време на мерењето тежина: Тајсон му удри шлаканица на Пол (Видео)

Тензиите во пресрет на боксерскиот меч кој се најавува речиси една година, а треба да биде вечерва во САД, меѓу легендарниот Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол, кулминираа на мерењето на тежината на двајцата боксери. Тајсон и Пол застанаа лице в лице кога во еден момент 58-годишниот Челичен Мајк му удри шлаканица на 31 година помладиот јутјубер.

Како што тврди Тајсон, Пол го назгазил на стaпалото и затоа морал да реагира. Веднаш реагираше обезбедувањето, ги раздвои двајцата боксери, а Пол својот гнев го покажа со дерење кон публиката, извикувајќи „Тајсон мора да умре“.

„Ова сега е лично“, викаше Пол.

За Тајсон ова ќе биде прва професионална борба по пауза дури од 19 години. Договорено е борбата да трае осум рунди кои ќе имаат по две минути. Тајсон за борбата ќе заработи 20 милиони долари, а Пол речиси двојно повеќе.

Во Sport Life има специјална Бет Билдер понуда за овој боксерски спектакл.

- Оглас -

Најнови вести