Инвазија на БББ во Милано, но нема да го урнат рекордот по бројност на гостување

Навивачите на Динамо Загреб уште од вчера во солиден број пристигнаа во Милано, а вечерва се очекува инвазија и на трибините на „Сан Сиро“, каде што Аталанта игра како домаќин во Лигата на шампионите, би требало да има повеќе од 5.000 Хрвати.

На Динамо му треба победа или бод за да остане во трката за пласман во осминафиналето од ЛШ и важноста на средбата ја знаат и навивачите кои во голем број ќе отпатуваат или веќе отпатуваа во Милано. Од Загреб до Милано има 6-7 часа возење со автомобил.

Италијанската полиција се подготвува за можни инциденти и низ центарот на градот има голем број вооружени припадници на безбедносните сили.

Динамо и во 2000 година гостуваше во Милано, кога 4.500 фанови ги бодреа Модрите, овојпат веројатно Бед Блу Бојс ќе бидат малку побројни, но нема да биде урнат рекордот од пред 15 години, кога во Штутгарт, Динамо имаше поддршка дури од 7.000 навивачи, но добар дел од нив беа Хрвати кои живеат во Германија.

Динамо доби 4.000 билети, но лукавоста и триковите ќе им помогнат и на другите илјада навивачи да најдат влезници и да влезат на стадион за да навиваат за хрватскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести