Австралија ќе игра на шкотски погон во Катар, има дури 10 Храбри срца во составот на Кенгурите (Фото)

Селекторот на Австралија, Грем Арнолд го објави списокот на популарните Сокероси за Мундијалот во Катар и има интересен состав за настап на најважниот фудбалски настан.

Доминираат Шкотите по потекло што се родени во Австралија, а ги има седуммина и уште тројца кои се родени во земјата на Храбрите срца, но настапуваат за Кенгурите.

Логично, дури 7 репрезентативци им играат во шкотски клубови, а најпознат е Арон Мој, кој настапува за гигантот Селтик.

Имаат шаренолик состав од 26 репрезентативци што настапуваат и во Серија А во Италија, потоа и во Данска, Шпанија, Германија, Англија, Јапонија, Америка и, секако, во Австралија.

https://twitter.com/Socceroos/status/1589884446534406146?s=20&t=h5Frp1GQ1tJ72tUjq0zQ8w

Австралија е во Д групата на Мундијалот со светскиот првак Франција и со Данска и Тунис во првата фаза.

 

- Оглас -

Најнови вести