Не се снаоѓа најдобро како тренер: Филипо Инѕаги доби отказ од второлигашот

Некогашниот прославен голгетер Филипо Инѕаги не се снаоѓа најдобро во улога на тренер. Пред почетокот на сезоната, Инѕаги беше назначен за тренер на Бреша, но не успеа да комплетира ни една сезона како предводник на екипата и денеска доби отказ.

Бреша е во Серија Б и главна цел е да обезбеди место во Серија А. На седум кола до крајот, Бреша моментно е на петтото место на табелата со четири бода помалку од второпласираната Пиза, а пет од лидерот Кремонезе.

Првопласираните две екипи од Серија Б ќе обезбедат директен пласман во елитното фудбалско друштво, додека екипите од третата до осмата позиција ќе разигруваат за третата позиција, која носи во Серија А.

На местото на Инѕаги, како тренер до крајот на сезоната во Бреша ќе биде Еуџенио Корини, кој е и поранешен фудбалер на овој клуб. Инѕаги, кој имаше блескава играчка кариера во Јувентус и Милан, како тренер не се покажува во најдобро светло. Во 2014 година доби шанса да биде на чело на Милан, но остана само една сезона. Потоа ги водеше екипите на Венеција, Болоња и Беневенто, а сега ја заврши авантурата во Бреша.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести