Симоне Инѕаги имаше фантастично деби на клупата на Ал-Хилал, откако одигра 1-1 против Реал Мадрид во првото коло од Светското клупско првенство. Италијанецот има само пофалби за клупскиот Мундијал во САД, но вели дека недостасува Барселона, екипата која ја елиминираше со Интер во полуфиналето од Лигата на шампионите.
„До овој момент Светското клупско првенство е фантастично. Најголемите клубови се тука, недостасува само Барселона.“ – вели Инѕаги.
Тренерот на Ал-Хилал го најави и следниот меч на клупскиот Мундијал, оној против Салцбург.
„Нашата цел е да победиме. Да прикажеме повторно одлична игра и да се пласираме во следната фаза. На овој натпревар треба да го дадеме најдоброто од себе, бидејќи е клучен за нас.“ – додава Италијанецот.