Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги е горд на тоа што неговиот тим го направи во сезоната 2022/23. Нераѕурите го освоија трофеите во Купот на Италија и Супер купот, а играа и во финалето на Лигата на шампиони. Единствено во првенството Интер потфрли, но Инѕаги верува дека тоа ќе се корегира во новата сезона.
„Минатата сезона беше одлична. Освоивме два трофеи, а игравме и во финалето на Лигата на шампиони. Не се случува секој ден да играте во финале на ЛШ. Интер од 2010 година немаше стигнато до таму. Следната сезона очекувам да биде уште подобра. Се надевам дека можеме да го освоиме Скудетото во Серија А и да го повториме успехот во Лигата на шампиони“, рече Инѕаги кој со Интер е на подготовки во Јапонија.