Инѕаги има забелешки на победничкиот гол на Болоња: Факт е дека беше така!

Интер киксираше и загуби на гости кај Болоња со 1:0, па трката за титулата стана уште пожестока. Нераѕурите останаа на 71 бодови, колку што сега има и Наполи.

На вчерашното гостување Интер прими гол во 90+4 минута. Рикардо Орсолини даде фантастичен погодок, кој може да го видите ТУКА.

По завршување на мечот, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги имаше забелешки за тоа како течела акцијата на Болоња пред постигнувањето на голот. Беше изведен аут, кој според Инѕаги биле „украдени 12-13 метри“.

„Аутот по кој Болоња постигна гол беше изведен 12-13 метри понапред од оригиналната позиција каде што излезе топката. Тоа едноставно е факт и така беше. Кога топката излезе во аут, помина покрај мојата нога, а Болоња аутот го изведе речиси од корнер знаменцето. Сепак и во една таква ситуација можевме многу подобро да реагираме. На висока топка скокнаа двајца играчи, а секогаш тоа треба да го прави само еден. Едноставно моравме да бидеме фокусирани. Болоња беше одлично подготвена. Дуелот беше рамноправен и затоа овој пораз е болен за нас“, рече Инѕаги.

Освен во трката за титулата, Интер е во борба и за место во Лига на шампиони.

- Оглас -

Најнови вести