Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, зборуваше на прес-конференција пред натпреварот на неговиот тим против Арсенал во Лигата на шампионите и разговараше за англискиот фудбал со новинарите.
„Премиер лигата им се допаѓа на сите. Додека бев во Лацио, имав можност да заминам таму на работа, како и во Интер, но овде ми е добро. Ќе видиме што ќе се случи во иднина“, рече Инзаги.
Тој ја истакна важноста на натпреварот против Арсенал.
„На Интер ќе му треба многу добар натпревар за да го победи Арсенал. Играме против еден од најдобрите тимови во Европа. Тареми е малку подобро, но ќе видиме утре. Арнаутовиќ има воспаление на окото и ќе ја процениме неговата состојба, како и на другите играчи. Ако Бастони е целосно подготвен, ќе игра. Утрово беше уморен, а во неделата излезе од теренот со грчеви. Ќе анализираме и ќе одлучиме дали може да игра без да размислуваме за натпреварот со Наполи за викендот. Арсенал е нашиот приоритет“, истакна тренерот на Интер.
Инзаги ја истакна и стабилноста на Интер во европските натпревари.
„Победивме на седум од последните осум натпревари, а имаме и едно реми. Само Интер е стабилен по натпреварите во Европа меѓу сите италијански тимови, што треба да се цени“, изјави Симоне Инзаги.