Милан и Интер ремизираа 1:1 во градското дерби, во рамките од 23 коло на Серија А. Милан водеше со гол посригнат во последната минута од првото полувреме, а Интер израмни со погодокот на Де Вриј во судиското надополнување од второто полувреме.
Ова реми не им одговараше на двата тима. Интер сега има 51 бод и остана втор на табелата зад лидерот Наполи, додека Милан е далеку од водечките и моментално е на осмото место со само 35 бодови. По дербито, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги беше задоволен од играта на неговиот тим, но не и од судењето.
„Момците беа фантастични. Одиграа како што требаше, но среќата не беше на наша страна. Ни беа поништени три гола, три пати ја погодувавме рамката од голот, а имаше и чист пенал кој не беше досуден врз Турам. Комплименти заслужува и Милан за својата игра. Тие секогаш се опасни од контра напади. Секако дека жалиме што не победивме, а и покрај многуте промашени шанси и поништени голови, не се предадовме мотивот не падна и успеавме да израмниме“, рече Инѕаги по дербито со Милан.