За првпат по 13 години Интер ќе игра во финале на Лигата на шампионите. Во 2010 година Интер, во чии редови тогаш беше и Македонецот Горан Пандев, ја освои титулата, а сега е само на уште еден чекор да се повтори тој успех.
Интер во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Манчестер сити и Реал Мадрид, а тренерот на Нераѕурите, Симоне Инѕаги вели дека ова е успех кој не го очекувале ниту челниците на клубот.
„Горд сум на овој клуб. Кога бев повикан да бидам тренер, пред 19 месеци, од мене беше побарано да стигнам до 16-финалето од Лигата на шампионите затоа што од 2011 година клубот немаше играно во нокаут-фаза од ЛШ. Мислам дека минатата сезона во ЛШ беше добра, но оваа дефинитивно е подобра. Никој ништо не ни подари, туку ние со голема борбеност и со добра игра заслуживме да играме во финалето од ЛШ“, вели Инѕаги, чиј тим лани беше елиминиран во 16-финалето од ЛШ, а сега ќе го игра мечот за освојување на трофејот.
За Интер ова ќе биде шесто финале во ЛШ, а во клупските витрини имам три пехари од елитното натпреварување на УЕФА.