Инзаги: Ја немаме судбината во свои раце, но треба да продолжиме да победуваме

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, изрази задоволство по победата со 0-2 над Торино, која беше многу важна за Нераѕурите. Со оваа победа, Интер продолжува да му дише во врат на лидерот Наполи и ги задржа шансите во борбата за Скудетото. Инзаги нагласи дека иако моментно тимот нема контрола над својата судбина, треба да остане фокусиран и да продолжи да победува.

„Уште пред мечот реков дека Скудетото не е во нашите раце, но треба да продолжиме да останеме фокусирани како што направивме и против Торино. Се соочивме со тим кој не загубил дома, па затоа мораше да покажеме вакво издание“, изјави Инзаги.

„Момците имаат потреба од одмор по оваа тешка сезона. Повторно ни недостигаа клучни играчи и не мислам дека тие ќе бидат подготвени за натпреварот со Лацио. Сепак, има шанса да бидат спремни за финалниот меч со Комо. Треба да влеземе во последниот дел од сезоната со мир и насмевка бидејќи нервозата нема да ни биде од помош“, додаде тренерот на Интер.

Ова беше 150-ти натпревар за Инзаги како тренер на Интер во Серија А. Тој го одведе тимот и до второ финале во Лигата на шампионите само за три години, што е импресивно достигнување.

„Го изгледав повторно полуфиналето со Барселона за да ги разгледам работите од друг агол. Сите го дадоа најдоброто од себе за да стигнеме до ова финале. Луѓето велат дека Интер има мал состав. Ние немаме буџет како Манчестер сити, Пари Сен Жермен или Баерн Минхен, па затоа мораме да бидеме подобро организирани. Но така можеме да го победиме секој тим“, заклучи Инзаги.

- Оглас -

Најнови вести