Инзаги ќе добие отказ како испадне од Лигата на шампионите

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, најверојатно ќе добие отказ доколку Нераѕурите не обезбедат пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, пишува весникот „Кориере дела сера“.

Според весникот, управата на Интер е незадоволна од игрите и резултатите на екипата во последните неколку недели и цехот најверојатно ќе го плати токму тренерот Инзаги.

Интер во последните три кола во Серија А, доживеа два порази, од Болоња (0:1) и од Специја (1:2).

„Интер направи сè што е потребно за да победи, но бројните шанси и неискористениот пенал влијаеја на поразот од Специја. Фудбалерите на Интер немаат доверба во тренерот, а за првпат е разнишана довербата на играчите во Инзаги, откако Интер не го освои Скудетото минатата сезона, иако имаше големи шанси за тоа“, пишува „Кореире дела сера“.

Одлучувачкиот натпревар кој ќе ја одреди судбината на Инзаги, ќе се игра в вторник кога Интер му гостува на Порто во реванш натпреварот од осминафиналето во ЛШ. Првиот дуел што се играше на „Џузепе Меаца“ заврши со триумф на Интер од 1:0.

“Инзаги ќе добие отказ доколку Интер не се пласира во четвртфиналето во ЛШ. По Порто, следен дуел за Интер ќе биде тој со Јувентус. Односнот меѓу тренерот и фудбалерите оддеднаш се влоши, пред се со Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, како и со Марсело Брозовиќ, кој се сметаше за клучен играч, но сега не се чувствува „комотно“ откако го загуби местото во првиот тим од Хакан Чалханоглу“, пишува весникот.

Симоне Инзаги е тренер на Интер од јуни 2021 година, а екипата моментно се наоѓа на второто место на табелата со 50 бода, дури 18 помалку од лидерот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести