Инѕаги: Комо одигра храбро, но ние покажавме зрелост и искуство

Интер немаше многу проблеми на „Џузепе Меаца“ и со 2:0 славеше над Комо во меч од 17-тото коло во италијанската Серија А. Нераѕурите во првото полувреме не успеаја да го „скршат“ отпорот на гостите, но само што започна вториот дел, стигна и радоста за домашните фанови. По мечот, тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, имаше пофални зборови за Комо, кој сезонава ќе се бори за опстанок во лигата.

„Му честитам на Комо затоа што не се затвори, но ние не ја загубивме концентрацијата. Во првото полувреме не бевме толку остри, не бевме агресивни, но потоа едноставно само требаше да „зголемиме гас“ и да стигнеме до победата. Не му дозволивме многу простор на ривалот да се надева дека може да дојде до позитивен резултат. На овој меч играчите покажаа зрелост и искуство“, рече Инѕаги.

Интер стигна до 37 бода и сега има три помалку од лидерот Аталанта, но Нераѕурите имаат и еден меч помалку, прекинатиот против Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести