Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, пред утрешното финале во Лигата на шампионите, кое ќе се игра во Истанбул, изјави дека Манчестер сити е најдобриот тим на светот, но и дека неговиот тим нема намера предвреме да крева бело знаме.
„Прекрасно е чувството да се биде тука во Истанбул, да се стигне до финалето, но не сакаме да застанеме тука. Сакаме да го одиграме ова финале на најдобар можен начин“, изјави Инзаги на денешната прес-конференција.
https://twitter.com/i/status/1667218474077233153
Инзаги е свесен дека неговиот ривал е фаворит на хартија.
„Кој е фаворит? Па, Сити е најсилниот тим на светот, но на теренот ќе играме 11 против 11. Дојдовме тука да го исвоиме пехарот, ќе биде потребно да одиграме храбро и со мирна глава“, изјави Инзаги.
Финалето ќе се игра утревечер од 21 часот на Олимпискиот стадион „Ататурк“.