Инзаги: Не сме навикнати на порази, но Интер против Барселона ќе докаже колку вреди

Интер влезе во резултатска криза во многу незгоден момент од сезоната. Нераѕурите загубија со 0-1 од Рома, што е нивен втор последовен пораз во Серија А и трет вкупно во сите натпреварувања.

Тренерот Симоне Инзаги призна дека тимот не е навикнат на ваква ситуација, но истакна дека верува во брзо враќање на вистинскиот пат.

„Тоа е фудбалот. Запишавме три порази што болат, но тимот даде сѐ од себе. Немавме доволно острина, особено во првото полувреме, но играчите се обидоа да го надоместат тоа со срце. Поразот дома беше голем удар за нас, па фактот што навивачите ни аплаудираа и нѐ поддржаа значи многу. Моите играчи секогаш го даваат срцето и душата на теренот и секогаш ќе им бидам благодарен за тоа. Нормално, не сме навикнати на три последовни порази. Ова беше навистина тешка седмица за нас“, изјави Инзаги.

Тренерот на Интер го коментираше и претстојниот полуфинален меч со Барселона во Лигата на шампионите.

„Ја гледав Барселона и веќе знаеме колку се силни, но ќе одиме таму со почит и без страв. Веруваме во својот квалитет, знам колку може овој состав на Интер“, нагласи Инзаги.

- Оглас -

Најнови вести