Инѕаги објасни зошто судијата не ја сопрел играта кога Лацио го даде вториот гол

Интер го претрпе првиот пораз сезонава во Серија А, откако со 3:1 загуби на „Олимпико“ од Лацио. Гостинските играчи посебно негодуваа за вториот гол на Лацио, кога еден играч на Интер лежеше на теренот, а домаќините продолжија со игра и тогаш стигнаа до водство од 2:1.

За разлика од фудбалерите на Интер, тренерот на Нераѕурите Симоне Инѕаги, вината за поразот ја најде во своите редови и фактот дека гостите требало да дадат втор погодок.

„Судијата не ја сопре играта, а фудбалерите на Лацио решија да продолжат да играат. Судијата не може сам да ја сопре играта, ако не се работи за повреда на глава. За наша несреќа примивме гол до таа акција“, објасни Инѕаги, кој потоа додаде дека неговиот тим при водство од 1:0, требало да даде втор погодок .

„Ако го погледнам резултатот, треба да сум загрижен. Но ако ако ја погледнам играта, тогаш сум сигурен. Еден час игравме одлично и заслуживме подобар резултат. Наша грешка е што не го „убивме“ мечот со постигнување на втор гол, туку му дозволивме на Лацио да се врати со пеналот на Имобиле“, анализираше Симоне Инѕаги.

Тренерот на Интер вели дека сега неговиот тим е фокусиран на дуелот од Лигата на шампиони против Шериф Тираспол. „Шериф е силен, добро организиран тим и затоа мораме да бидеме целосно подготвени ако сакаме да ги победиме“, заврши Инѕаги.

 

- Оглас -

Најнови вести