Инѕаги: „Ова е дерби, против Милан секогаш е тешко да се игра“

Градските ривали Интер и Милан оваа сезона веќе одиграа три натпревари, а она што е интересно е фактот дека лидерот на табелата во Серија А не успеа да победи ниту еднаш. Милан има победа во првенството и во финалето на Супер купот, а последниот меч заврши нерешено. Тренерот на Интер, Симоне Инѕаги, е свесен за ова, па очекува тежок двомеч во полуфиналето од Купот на Италија.

„Знаеме дека излегуваме на крај со нив оваа сезона, ова посебно важи за првата средба. Другите две беа рамноправни. Ова е полуфинале на Купот на Италија против Милан, ова е дерби и имаме голема желба да одиграме одличен натпревар. Знаеме дека против себе имаме квалитетен противник, кој ни направи многу проблеми оваа сезона. Сега доаѓа потешкиот дел од сезоната, но горди сме што сè уште сме во игра на сите фронтови. Ќе биде предизвик да се одиграат над 180 минути против Милан. Ќе мора да бидеме внимателни“, рече Инѕаги пред утрешниот меч против градскиот ривал во Купот на Италија.

- Оглас -

Најнови вести