Со мечот помеѓу Интер и Атаната започнува новото издание на италијанскиот Супер куп, кој ќе се игра во Ријад, Саудиска Арабија. Двете екипи играат одлично оваа сезона, а тоа го признава и тренерот на Интер, Симоне Инѕаги.
„Нашата цел и во 2025 е иста како и претходните три ипол години, откако дојдов тука. Интер е фантастичен клуб и сите треба да го дадеме максимумот, да освоиме што е можно повеќе трофеи, а тоа да го започнеме од овој Супер куп. За разлика од минатата година, сега ќе биде многу потешко, но ќе се обидеме да го дадеме најдоброто. Еден против друг ќе играат две екипи, кои се во чудесна форма. Аталанта го направи најголемиот успех со освојувањето на трофејот во Лигата на Европа, па веќе не се аутсајдери против никого.“ – рече Инѕаги.