Фудбалерите на Ал-Хилал го направија најголемото изненадување на Светско клупско првенство, во спектакуларен натпревар од осминафиналето, тимот од Саудиска Арабија го победи англискиот Манчестер сити со 4-3 по продолженија и покажа дека ангажирањето на тренерот Симоне Инѕаги е вистински погег.
Голема заслуга за огромниот успех му припаѓа на италијанскиот тренер кој пристигна од Интер непосредно пред почетокот на СКП и за кратко време направи тимот да изгледа одлично.
„За овој резултат, клучни беа играчите и храброста што ја покажаа на теренот. Моравме да направиме нешто посебно со оглед на тоа што сите ја знаат силата на Манчестер сити. Моравме да се искачиме на Монт Еверест без кислород и успеавме во тоа“, рече Инѕаги.
Италијанецот беше воодушевен од настапот на своите играчи против тимот предводен од Пеп Гвардиола од клупата.
„Сите играчи беа исклучителни, и во фазата на посед и во фазата од играта без топка. Бевме многу добро организирани и технички игравме многу добро против многу агресивен тим. Гвардиола е најдобриот тренер во светот според мене, но го заслуживме овој резултат“, рече Инѕаги.
Вака Инзаги делумно му се одмазди на каталонецот Гвардиола за поразот на Интер од 0-1 од Граѓаните во финалето на Лигата на шампионите во 2023 година, кога италијанскиот стручњак беше на кормилото на Нераѕурите.
Неодамна тим на Инѕаги истотака со резултат 4-3 шокираше и едни други каталонци, тоа се фудбалерите и навивачите на Барселона.